За нас

Јово СТЕФАНОВСКИ (основач)

(с. Герман, Кривопаланечко, 19.11.1946) – професор по математика, учебникар и издавач. Завршил гимназија во Куманово (1965), Виша педагошка школа (Група математика) во Врање (1966 -1968) и Природно-математички факултет (Група математика) во Скопје (1975).

Во меѓувреме работел како наставник во селата Ранковце (Кривопаланеч-ко), Сандево (Скопско) и Скопје. Бил основач и главен и одговорен уредник на сп. “Нумерус” (1976-2002). Извесен период бил системпрограмер во СИЗ за домување на град Скопје (1978).

Бил долгогодишен советник по математика во Заводот за унапредување и проучување на школството, за вршење на просветно-педагошка служба во С.Р. Македонијана подоцна познато како Бирото за развој на образованието на РМ (1979-2003), по што ја формирал приватната издавачка куќа “Алби”, специјализирана за издавање учебници и учебни помагала.
Автор и коавтор е на околу 80 учебници, работни тетратки и збирки по математика за основното и средното образование.

Неговата издавачка куќа има објавено околу 110 учебници од разни автори и тематски подрачја.